Штип: Влегол преку прозорец од ВЦ и украл златен накит и пари

Вчера била извршена тешка кражба во куќа во Штип.

Се работи за куќата во сопственост на 45-годишниот Б.К. од Штип каде непознат сторител со употреба на сила ја исекол заштитната мрежа од прозорец на купатилото, влегол внатре и извршил пребарување, по што одзел разновиден златен накит и 200 евра. 

Полицијата трага по сторителот.

најчитано сега