Заев во паника: Исплашен од народот побегна од избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев панично ги напушти синоќешните преговори во Пржино, а со истата таа паника сака да го избегне соочувањето со народот.

Анкетите јасно му покажаа на Заев дека македонските граѓани немаат доверба во него и неговата партија, па затоа опозицискиот лидер прави се што е во негова моќ да ги одложи изборите договорени за на 24-ти април.

ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, како трите останати најголеми политички партии се согласни дека изборите треба да се одржат на договорениот датум. Само СДСМ не сака избори.

Заев синоќа со часови се обидувал да издејствува одложување на изборите, па молел и убедувал соочувањето со народот да не се случи на 24-ти април. Со овој чекор Заев покажа дека е свесен дека до 24-ти април рејтингот на неговата партија не може ниту минимално да се помести во нагорна линија и дека исходот од изборите е јасен- голем пораз за партијата која тој ја предводи.

Премиерот Никола Груевски по синоќешната средба потенцира дека не се зборувало за ништо друго затоа што Заев со часови барал изборите закажани за 24-ти април да не се случат.

-Не се зборуваше за никакви детали околу изборите, а не се зборуваше ни за Законот за медиуми, ниту, пак, за методологијата  за прочистување на избирачките списоци, бидејќи Зоран Заев не сакаше за тоа да се зборува. Тој инсистираше да се прифати од страна на сите политички партии дека е добро да се одложат изборите. Ни потроши повеќе од 12 часови за цело  време да бара, да моли, да убедува и да инсистира да нема избори на 24 април, посочи синоќа Груевски.

Дури и еврокомесарот Хан е убеден дека има доволно време до крајот на април да се обезбедат сите услови за изборите да се одржат.

 

Од трите партии имало неколку предлози кои треба да обезбедат дополнителна сигурност во изборите, но на Заев таа сигурност не му е важна затоа што тој знае дека на избори ќе загуби од народот

 
 
16.01.2016 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега