Доаѓа хаос во Македонија - викендов големи врнежи од снег

Доаѓа снежна бура  во Македонија, метеролозите најавуваат снежна покривка и до 50 сантиметри. Надлежните во  УХМР велат дека екипите се подготвени за ова снежно невреме. наредните денови времето во  Скопје ќе биде променливо облачно,во сабота ќе има заладување и поинтензивни врнежи кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, најмногу на планините во западните делови каде што ќе достигне и над 50 сантиметри нов снег. На повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 сантиметри.

Во недела во текот на денот врнежите ќе престануваат. За време на викендот и во понеделник ќе дува и засилен северен ветер.

 
 
15.01.2016 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега