Јанева испрати соопштение за да каже дека нема што да каже - и се заканува од разрешување до затворска казна

По 15 дена молк, Катица Јанева денеска конечно испрати соопштение во кое кажа дека нема што да каже. Јанева соопшти дека тоа што не составила записник не значи прекршување на законот иако со тоа не се согласуваат речи си сите обвинители но и Советот на јавни обвинители, единствено тело задолжено да ја контролира нејзината работа.

„Во изминатиот период предмет од интерес за јавноста беше и начинот на примање на материјалите од политичката партија СДСМ и начинот на постапување на ова Јавно обвинителство. Во оваа насока ја уверуваме јавноста дека целокупното постапување на ова Јавно обвинителство е согласно законските прописи и околноста што не е сочинет записник во моментот на самото предавање на материјалите не е пропуст во смисла на законските одредби. Појаснуваме дека се работи за материјал предаден на барање на јавниот обвинител, чија содржина е од сензитивен карактер и како таква подлежи на дополнителни проверки, класификација и постапување, а имајќи ги предвид законските одредби со кои се регулира класификацијата на информациите и заштитата на приватноста.  Поради сето наведено, во овој момент не сме во можност да соопштиме повеќе податоци за примените материјали, но ја уверуваме јавноста дека ќе биде информирана за сите детали поврзани за примените материјали во моментот кога нема да постојат законски пречки за такво постапување“ - стои во соопштението на Јанева.

Од разрешување од функцијата јавен обвинител поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, па до елементи за злоупотреба на службена положба и овластување, за која следува казна затвор од шест месеци до три години.

Ова го предвидуваат Законот за јавното обвинителство и Kривичниот законик за суштинска и битна повреда на Законот за кривичната постапка, како што е несоставувањето записник од специјалната јавна обвинителка Kатица Јанева при предавањето на материјалите од незаконско прислушување од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев, пишува денешен Дневник. Потврда за ваквите можности „Дневник“ доби и од повеќе кривичари и јавни обвинители. Иако Јанева две недели одбиваше да одговори дали записник е составен на 30 декември, кога беа предадени шест кутии и еден надворешен хард диск од СДСМ, пред три дена самиот Заев јавно призна дека ваков документ не е составен и потпишан. Јанева и вчера, по рочиштето за „Пуч“ не сакаше да одговори дали е направен пропуст коментирајќи дека прашањето е надвор од темата, иако претходно одговараше и на други прашања надвор од оние за „Пуч“. Таа за денеска вети соопштение. Според членот 68 од Законот за јавното обвинителство, јавен обвинител се разрешува од функцијата: поради потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршењето на функцијата јавен обвинител пропишана со закон и поради нестручно и несовесно вршење на функцијата јавен обвинител под услови утврдени со закон. Постапката се покренува во рок од 30 дена од дознавањето, но не подолго од две години од денот кога повредата е сторена

 
 
15.01.2016 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега