Муслиманите прават сунет од вера, Христијаните за здравје

Православната црква на 14 јануари го чествува обрезанието христово. Многумина се прашуваат зошто ако Христос бил обрежан, денеска Црквата тоа не го практикува. Како овој обичај станува чин во муслиманството. Дали е грев христијанин да биде обрежан. Што вели Православното учење, што Исламот. Одговор на оваа дилема даваат православни и теолози од исламот, во анализата на Религија.мк.

Теолозите од МПЦ велат дека обрезанието воопшто не е ексклузивен муслимански обичај. Тоа е произлезено како заповед Божја, односно видлив начин на прикажување на заветот меѓу луѓето и Бога. Потенцираат дека ако некое дете мора да биде обрезано од медицински причини, тоа е се во ред и не претставува грев за обрезаниот. Но, без причина нема зошто некој христијанин да се обрезува, оти тие го имаат чинот на крштевање.

Од ИВЗ пак потенцираат дека  сунетењето (обрезувањето) не е некоја нова појава за човештвото со доаѓањето на исламот. Во праксата на муслиманите сунетот има и културно значење, односно родителите посебно се среќни кога ќе го обрезат својот син, што претежно се прави во предшколска возраст, иако има и малку повозрасни, а тоа се должи на материјалната можностна родителите.

Докторите во Македонија велат дека најчесто се обрезуваат децата до десет годишна возраст кои потекнуват од муслимански семејства, но често има и такви кои тоа го прават подоцна од најразлични причини.

Според нив, овој зафат муслиманите го прават од тадиционални и верски причини, а православните од медицински причини.

Прочитајте ја целата анализата на Религија.мк

 

 

 
 
15.01.2016 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега