„50 нијанси сиво“ со шест номинации за “Златна малинка”

Еротската “50 нијанси на сиво” ги предводи овогодинешните номинации на наградите “Златна малинка” за најлоши филмови на 2015 година со шест номинации, пишува британскиот весник “Индипендент”.

Филмот со учество на минатогодишниот добитник на “Оскар” Еди Редмејн “Патот на Јупитер” исто така има шест номинации, како и лентите “Пиксели” и “Полицаец на трговскиот центар 2″.

Четирите филма, заедно со “Фантастичната четворка” ќе учествуваат во трката за најлош филм. Џејми Дорнан, кој го  одигра плејбој милионерот Кристијан Греј во “50 нијанси на сива”, ќе се бори за наградата “Најлош актер” заедно со Џони Деп за “Мордекај”, Кевин Џејмс за “Полицаец на трговскиот центар 2″, Адам Сендлер за двата филма”Чевлар” и “Пиксели”, како и Чанинг Тејтум за “Патот на Јупитер”.

Дакота Џонсон, која влезе во главната улога на Анастејша Стил во “50 нијанси на сиво”, ќе се бори за наградата “Најлоша актерка” на 2015 година. Заедно со неа номинирани се и Кетрин Хејгел за “Домашен пекол”, Мила Кунис за “Патот на Јупитер”, Џенифер Лопез за “Соседното момче” и Гвинет Палтроу за “Мордекај”.

Традицијата за “Златните малинки” датира од 1980 година и е пародија на прекрасната сезона на холивудските кинонагради. Одличувањата за најлошите актери и филмови ќе се врачат во ноќта на 27 февруари – ден пред наградите “Оскар”. Тие се определуваат од 900 члено жири од 47 американски држави и 21 држава.

 
 
14.01.2016 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега