Ова е новата социјална мрежа за која што сите полудеа

Станува збор за апликацијата „Peach“ која  е креирана од еден од основачите на Vine, Дом Хофман.

Oваа апликација се обиделе да ја користат огромен број на корисници, а тоа резултирало со пад на серверот.

Апликацијата е своевиден збир на Twitter и Slack, а откако ќе го креирате вашиот профил и ќе додадете пријатели, апликацијата ќе ги прелиста сите на најновите информации кои што вашите пријатели ги објавуваат на сопствениот профил.

Можно е коментирање и лајкување на постови, а на својот ѕид можете да објавите буквално се што ќе ви падне на памет.

На дното на екранот се сместени таканаречените „magic words“ со кои се активираат одредени опции во статусите.

Па така ако го напишете зборот „Here“, апликацијата ќе ја додаде вашата моментална локација, „Draw“ ќе ви овозможи да цртате на екранот, „TV“ ќе ви овозможи да напишете што гледате во моментот и уште многу други опции.

 
 
14.01.2016 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега