АНКЕТА: 74% од Македонците се против одложување на изборите

73,7% од граѓаните сметаат дека изборите закажани за 24 април не треба да се одложат, покажува последната анкета на институтот Павел Шатев. Според неа, само 15% од граѓаните сметаат дека е потребно одложување а 11,3% немаат одговор на ова прашање.


55,7% од граѓаните  сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е попосветена на исполнувањето на Договорот од Пржино и одржувањето на изборите во Април наспроти 24,8% сметаат дека тоа е СДСМ.


58,3% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата на која може да и се верува дека ќе ги исполни предизборните ветувања, додека 21% сметаат дека тоа е СДСМ.


Дури 64,1% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ подобро знае како да ја води економијата наспроти 19,9% кои тоа го сметаат за СДСМ.

Огромно мнозинство од 64% граѓани сметаат дека опозицијата има „свои“ медиуми наспроти 22% кои се уверени во спротивното.

 

Анкетата на Институтот Павел Шатев е спроведена телефонски во периодот помеѓу 10 и 13 јануари 2016 година врз репрезентативен примерок од 1025 гласачи од македонските политички партии. 

 
 
14.01.2016 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега