Судот за човекови права одлучи: Газдите можат да ги читаат приватните пораки на вработените

Компаниите имаат право да ги надгледуваат приватните пораки на интернет на своите вработени, наведе Европскиот суд за човекови права.

Оваа одлука е донесена за случајот со романскиот инженер кој е обвинет, бидејќи користел Јаху месинџер, не само за професионална комуникација, туку и праќал пораки на својата вереница и на својот брат.

Судот во Стразбур застана на страна на работодавачот на обвинетиот инженер, со образложение дека не е неразумно работодавачот да провери дали вработените ги извршуваат своите професионални обврски за време на работните часови.

Судот ги отфрли аргументите на романскиот државјанин, со кои тврдел дека работодавачот му ги надгледувал приватните пораки, со што го прекршил правото на приватност.

 
 
13.01.2016 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега