Ја тепал па ја уценувал - пејачката поминува низ пекол

Босанската пејачка неодамна мораше да направи операција за отстранување на масното ткиво кое и се појави по царскиот рез, кога пред три години го роди Дарис.

По три години брак со Мујо Мушиќ, Селма Бајрами реши да се разведе од него, но тој прифатил да даде развод само доколку таа му плати 100. 000 евра. Пејачката имаше пеколна година зад себе, бидејќи тој не само што и барал пари лично, често праќал пријатели да и вршат притисок, а го користи и нивниот син Дарис, за да и се освети.

Селма Бајрами потврди дека тој ја уценува, но дека до сега не сакала да зборува за приватниот живот, со цел да го задржи своето достоинство. Сепак во кратка изјава кажала – „Преживеав физичка и психичка тортура. Навредите продолжија и во процесот на разведување. Најмногу ме боли тоа што го користи Дарис за да ми се освети. Рочиштето е закажано за 11 февруари и се надевам дека на ова измачување ќе му дојде крајот. Сакам моето дете повеќе време да поминува со мене“.

 
 
13.01.2016 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега