Кичево: Отворена Канцеларија за поддршка на бизнисот

Олеснување на процедурите при аплицирање за фондови и средства наменети за бизниз заедницата, кои ги доделува Владата преку мерките за поддршка на малите и средните претпријатија и достапните европски фондови има за цел Канцеларијата за поддршка на бизнисот што денеска беше отворена во Кичево.

Канцеларијата беше отворена во присуство на раководители и претставници од секторите за минерални суровини, туризам, индустрија, евроинтеграции, и секторот за мали и средни претпријатија на Министерството за економија, како и преставници на Секторот за имплементација на ИПАРД Фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

По свеченото отворање на Канцеларијата се одржа работна средба со бизнисмени од кичевскиот регион, кои изразија голем интерес околу владините мерки за поддршка на претпријатијата, и особено за користење на европските фондови. Бизнисмените ја поздравија идејата на министерот Ваљон Сарачини за отварање на една ваква канцеларија во Кичево, а изразија голем интерес за тоа како би можеле да ги искористат поволностите кои ги нудат владините мерки, со цел проширување на нивните производствени капацитети.

 

најчитано сега