Голема акција на турската полиција: Уапсени 16 џихадисти

Полицијата во Анкара уапсила 16 припадници на терористичката организација Исламска држава, меѓу кои еден државјанин на Турција, за кои е утврдено дека припремале терористички напад во овој град.

Според информациите, полицијата уапсила најмалку 16 припадници на ИД, кои планирале терористички напади на повеќе локации во центарот на Анкара.

Турскиот државјанин И.К., кој се смета за водач на терористичката група, е уапсен во ресторан на улицата Тунали Хилми во Анкара.

Останатите 15 уапсени се сириски државјани. 

Во акцијата е запленета голема количина на оружје и различни документи кои припаѓаат на терористичката организација.

 
 
12.01.2016 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега