ДА ПОМОГНЕМЕ: Недостасуваат уште 1.000 евра - да му подадеме рака на Јоце

После сите 7 успешно поминати третмани во Клиниката во Москва, ни остана уште последниот 8-ми третман. Јоце стои поцврсто,поисправено,посамостојно и со поголема самодоверба. Чекори полека со помош на дубак и мојата мајка придржувајќи го. Затоа ве замолувам од се срце да ни излезете во пресрет и да ни помогнете ,Јоце да ја оствари својата цел ,самостојно да зачекори после сите тешки борби и напори. Да не го оставиме кон самиот крај.
За неговиот последен третман со матични клетки во Москва,потребни ни се 13 000 Евра. Третманот беше закажан за во Август, но сеуште немаме собрано доволно средства и секој месец им одложуваме на русите бидејќи не постигнуваме со донациите.
Последен пат им кажавме дека во Ноември би требало да дособереме,но не успеавме, и сега последно ни е закажан за на 16.01.2016 .Ни недостигаат уште 2000 ЕУ за третманот + патни трошоци.
Броеви за донација:
**** Т-МОБИЛЕ: 070 143 109 ( само за Т-моб.корисници)
**** ВИП: 077 143 314 (само за Вип корисници)
**** OНЕ: 075 143 401 (само за Оне корисници)
Жиро сметки: 
* NLB Тутунска банка – Скопје: 210-5016352013.14
*Стопанска банка АД - Скопје: 200000207845578 со назнака "Донација за лекување на Јовица Блажевски"
Однапред ви благодариме на донацијата и срдечноста! 

 
 
12.01.2016 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега