Познатата пејачка на смртна постела: „Сакам да и кажам дека ќе ја победи болеста, но не можам“

Пејачката Џои Мартин Фик и нејзиниот сопруг, кантри пејачот Рори Фик, дадоа се од себе за да го искористат секој момент заедно, бидејќи оваа им била последна нова година, која ќе ја дочекаат заедно. Џои умира од рак на грлото на матката, а нејзиниот сопруг и ќеркичката Иднијана секој слободен момент го поминуваат покрај нејзиниот кревет.

Фотографијата на пејачката на смртна постела, како игра со ќерката го расплака цел свет.

„Ете сега седам до мојата сопруга. Во последно време имаше сериозни разговори со Исус. Му рекла дека е спремна да оди дома, ако тој е спремен да ја земе... Нејзините болки се зголемуваат секојдневно, а со нив се зголемува и дозата на морфиум за да не ги чувствува. Дозата која е потребна се зголеми последните денови. Сакам да и кажам дека е супер и дека ќе ја победи оваа болест, но не можам“, напиша Рори.

 
 
12.01.2016 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа