Исидора Бјелица ги расплака фановите: „Повторно се борам против страшната болест“

 

Писателката Исидора Бјелица по четврти пат во животот води пеколна битка со ракот, поради што не може да присуствува на промоцијата на својата книга „Сама“.

Меѓутоа, дека не е сама, докажуваат и многу познати личности и нејзините пријатели, кои ќе присуствуваат на интернет промоцијата.

„Драги пријатели, со оглед дека четврти пат водам битка за живот со пеколната болест и дека поради имунолошката ситуација не сум во можност да ја промовирам мојата нова книга ’Сама’, како што секогаш го правев тоа, мојот издавач и неколку јавни личности дојдоа на идеја да го направат тоа за мене и книгата ’Сама’ ќе биде првата книга на Балканот која ќе има своја интернет промоција. На 15 јануари многу познати личности, а и мои читатели, на своите ФБ, Твитер и Инстаграм профили, ќе постираат фотографија од книгата и ќе стават хаштаг #nisiSAMA, со што ќе напишат и по некоја своја мисла за книгата на оваа необична виртуелна промоција“, напиша Исидора на социјалните мрежи.

 
 
12.01.2016 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега