СДСМ бега од анкетната комисија за Фабриката за афери

СДСМ бега од соочувањето со политичката одговорност за својата вмешаност во мега скандалот Фабрика за афери.
Опозицијата најави дека нема да предложи свои членови во Анкетната комисија која во Собранието беше побарано да се формира од страна ан владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата гласаше и против формирањето на оваа комисија која треба да истражи, како 70.000 прислушувани разговори се нашле кај сопартиецот на Заев, Чаушот и како во фабриката за афери се штанцале лични карти, пасоши и разни други документи кои потоа преку медиумите на СОРОС се пласирале како наводни афери во јавноста.
СДСМ бега и од Анкетната комисија која треба да го расветли скандалот со прислушувањето за кое се обвинети Заев и Верушевски.
Заев се уште не се појавил пред пратениците за да одговори на нивните прашања иако таа обврска ја презема со Договорот од Пржино.
Премиерот Груевски ја исполни својата обврска и сведочеше пред пратениците.

 
 
08.01.2016 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега