Нова препорака од Владата: Да се пијат најмногу по 2 пива дневно

Британците треба помалку да пијат, бидејќи алкохолот го зголемува ризикот од карцином и други болести, наведоа главните медицински советници на британската влада во новите насоки за консумирање на жестоките пијалаци, први по 20 години, за кои критичарите велат дека непотребно да шират паника.

 

Во насоките се наведува дека не би требало да пијат повеќе од 14 единици алкохол седмично, што изнесува шест пинти пиво (една британска пинта изнесува 568 мл) или седум чаши вино, за да се намали ризикот од заболувања во обидот да се намали смртноста предизвикана од алкохолот.

Според претходните насоки, издадени во 1995 година, беа препорачани 21 единици за мажите, и 14 за жените.

„Редовното пиење кое и да е количество алкохол носи ризик, но доколку мажите и жените се ограничат на најмногу 14 единици во седмицата, ризикот од болести, како карцином или болести на црниот дроб, останува низок“, тврди Сели Дејвис, главна медицинска советничка за Англија.

Алкохолот е еден од најголемите британски здравствени проблеми и е одговорен за 1,2 милиони хоспитализации во 2012 година. Поврзан е со зголемениот ризик од оштетување на црниот дроб, карцином, мозочен удар и болести на срцето.

Новите владини насоки, исто така, им препорачуваат на трудниците воопшто да не пијат алкохол, додека со претходните од пред две децении беа дозволени мали количества. Меѓутоа, критичарите тврдат дека консумирањето алкохол во Британија е во пад.

„Луѓето заслужуваат да добијат чесни и точни здравствени совети од главниот медицински советник, а не паника“, вели Кристофер Сноудон од Институтот за економски работи. Додава дека се игнорираат доказите кои покажуваат дека умереното пиење алкохол го намалува ризикот од болести на срцето и севкупниот ризик од прерана смрт

 
 
08.01.2016 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега