Тука проверете колку вреди вашиот стан или куќа

Преку регистарот за цени и закупнини на недвижности на Катастарот до крајот на септември лани се впишани 5.329 трансакции, од кои 3.362 продажби и 1.967 закупи. Најмногу продажби и закупи по 882, односно 874 се евидентирани на територијата на Скопје. Најмалку продажби, 13, имало во Кратово, а најмалку закупи, по еден, во Виница, Демир Хисар и Македонски Брод.

slavce-trpeski-direktor-na-katastar-3

– Вкупната вредност на регистрираните купопродажби изнесува 4.786.774.044 денари (77,8 милиони евра). Од нив, 3,2 милијарди денари отпаѓаат на купопродажба на објекти, а околу 666 милиони на земјиште, информира денеска директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески во отчет за работата на институцијата во 2015 година.

Досега како купопродажби се истргувани недвижности со површина од 3.850.214 метри квадратни, а вкупната вредност на евидентираните закупи е 38.787.380 денари при што под закуп се издадени недвижности со површина од 881.566 метри квадратни

Според регистарот на цени и закупнини на недвижности, во Скопје просечната цена за метар квадратен објект изнесува 51.870 денари по што следи Битола каде за метар квадратен се плаќа по 31.553 денари, Охрид со 29.958 денари, Кочани со 27.725 денари, Кавадарци со 26.089 денари за метар квадратен… Во мај лани во Скопје метар квадратен се продавал за 48.611 денари, која цената продолжила да расте и достигнала највисок износ од 56.272 денара во јули. Месец потоа следува голем пад и метар квадратен се купувал за само 42.175 денари што е најниска цена во изминатите шест месеци.

Како да проверите по кои цени се продаваат, издаваат недвижностите

Со само неколку кликови може да дојдете до цените по кои се продаваат или изнајмуваат становите, куќите и деловниот простор на било кое место во државата, па со тоа да дојдете и до пазарната вредноста на вашата недвиќност. Еве како:

Појдете на страницата на АКН-ГИС порталот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Ќе ви се отвори мапа на Македонија. Кликнете на третата икона од менито во горниот десен агол. Ќе ви се отвори Табелата со содржина на мапата.

akn1-600x313

Во табелата ќе забележите различни видови на податоци кои ви се достапни за разгледување. Доколку не сакате да ги гледате на мапата отштиклирајте ги. На табелата е и Регистарот на цени и закупнини. Штиклирајте го.

akn2-600x308

Во долниот десен агол кликнете на менито Подлоги.

akn3-600x325

Изберете ја опцијата Ортофото (Боја) за да ја гледате мапата во фотографски снимки.

akn4-600x325

Златните “парички” означуваат купопродажба, а розевите закуп. Кликнете врз било која и ќе ви се покаже цената по која се продала или закупила таа недвижност, во која населба се наоѓа, квадратурата и датумот на продажбата.

akn5-600x311

Ако зумирате премногу, податоците за цените ќе исчезнат од објектите се додека не одзумирате малку. Тоа се прави заради заштита на деловните тајни и приватноста на граѓаните. Но, ќе имате информација за пазарната вредност на објектите во бараната населба, па и улица.

Ако во Табелата на содржини изберете Парцели ќе ви се појават броевите на катастарските парцели за кои сте заинтересирани. Кликнете на парцелата и ќе го погледнете имотниот лист.

akn6-600x310

Регистарот на цени и закупнини катастарот го воведе и го полни од март, па податоците се од тој период наваму.

Економски.мк

 
 
08.01.2016 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега