Ја убил сопругата и 4 годишната ќерка па скокнал од тераса - трагедија во главниот град на Хрватска

55 годишен маж ја убил својата 4 годишна ќерка, 31 годишната жена и скокнал од 4 спрат. Страшна трагедија утрово ги потресе жителите на главниот град на Хрватска, Загреб.
Мажот кој од претходно бил познат по семејното насилство утрово околу 7:30 го почнал крвавиот поход. Во станот покрај телата на жената и детето била принајдена и 85 годишна старица која имала потешки повреди но лекарите ја згрижиле и се наоѓа надвор од животна опасност.
Се претпоставува дека мажот по убиството сакал да го запали станот. Откако не успеал се фрлил од терасата. Кога пристигнале екипите на Брза Помош тој се уште бил жив, но на пат кон болница им подлегнал на повредите.
Се уште не се знае кои се причините кои го натерале 55 годишниот човек да посегне по животите на својата сопруга и ќерка а потоа да се самоубие.
Соседите велат дека бил мирен и повлечен човек.
Случајот го води воената полиција бидејќи станува збор за воено лице.

 
 
08.01.2016 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега