Орбан: ЕУ да изгради нова заштитна линија на северната граница на Грција, Македонија да добие финансиска помош

Европската унија треба да утврди нова заштитна линија долж грчката северна граница, бидејќи спогодбата со Турција нема да е доволна за да ги запре стотиците илјади мигранти кои доаѓаат во Европа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува МИА.

-Мислам дека следната заштитна линија, што треба да ја изградиме, е долж протегањето на северната граница на Грција, изјавил тој во денешното интервју за државното радио.

Според него, Бугарија, една од северните соседи на Грција, треба да биде примена во Шенген зоната на ЕУ, а Македонија треба да добие финансиска поддршка и друг вид помош за да може да ја засили својата заштита.

-Мислам дека само договорот со Турција нема да биде доволен, рекол Орбан.

Унгарија крена огради долж својата јужна граница за да го запре напливот на мигранти, потсетуваат агенциите.

 
 
08.01.2016 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега