Температурен шок во Македонија

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди и со слаб северозападен ветер. Во крајните западни делови можни се локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе се движи од пет до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе достигне до 8 степени.

Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, и ќе биде релативно топло во однос на овој дел од годината. За време на викендот во одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

 

 
 
08.01.2016 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега