Повредени 16 лица во Скопје

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 24 сообраќајни незгоди.

На 5. јануари, вторник, сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди. Од нив, осум се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило и пет сопатници.

Во средата, на 6. јануари, сообраќајната полиција извршила увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета, а една е со последица телесни повреди во која со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден сопатник.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден сопатник со телесна повреда.

Вчера, 7 јануари, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно две сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.

Во текот изминативе три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 29 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Девет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 12 возачи поминале на црвено светло на семафор, како и шест возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 54 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Во сабота со почеток во 17 часот и 30 минути во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу ЖРК Вардар и Букурешт, Романија. Во недела со почеток во 20 часот и 15 минути во спортската сала „Под Кале“ ќе се одигра пријателски меѓународен ракометен натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Црна Гора. Исто така, во недела во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на АБА лигата ќе се одигра меѓународен кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ Аеродром и Сутјеска, Србија. Со цел непречено и безбедно одвивање на овие спортски манифестации од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување. 

 
 
08.01.2016 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега