Македонија падна две места на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација се најде на 138.место на најновата рејтинг листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денеска.

Ова е влошување на пласманот на „црвено-жолтите“ за две места во однос на минатомесечното рангирање.

Од репрезентациите кои се наоѓаат во иста група со Македонија во квалификациите за Светското првенство, најдобро пласирана е Шпанија (3.место), Италија е 15-та, Албанија се наоѓа на 38.позиција, Израел е 71-ви, додека Лихтенштајн е на 165.место, пишува МИА.

Во ТОП 10 нема промени. Лидер е Белгија, а по неа следуваат Аргентина, Шпанија, Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 4 февруари.

 
 
07.01.2016 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега