Ќе запре ли снегот: Какво ќе биде времето следните денови?

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи претежно од дожд, само на планините ќе бидат од снег.

Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а пообилни се очекуваат во западните делови, каде ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка, информираат од УХМР.

Времето денес е претежно облачно со повремени врнежи претежно од дожд, само на планините од снег. Повеќе ќе бидат застапени во крајните западни делови на земјава, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 2 до 7 степени.

Скопје претежно облачно, попладне со повремен дожди со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

 
 
04.01.2016 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега