Полицијата ги учеше граѓаните како до „Лето без пожари“

 

Македонската полиција вчера ги запираше возилата на потегот кон националниот парк „Јасен“, но не ги легитимираше возачите, туку им доделуваше флаери за проектот „Лето без пожари“.

Целта на овој проект е заштита и зачувување на шумските и зелените површни од пожари.

- Граѓаните да не фрлаат отпушоци додека се движат кон излетничките места, да не палат оган и скара на отворено особено во овој период од годината, порачуваат надлежните.

Предвидено е во иднина да се формираат повеќе волонтерски противпожарни друштва во месните заедници.

Проектот „Лето без пожари“ почна кај клучката кон селото Света Петка во општина Сопиште, а го реализира СВР Скопје. 

ФОТО: Журнал 

најчитано сега