Елена Ристеска се отвори по бурата во животот: Албумот е за мојата најголема љубов!
После одлично посетената промоција на нејзиниот нов албум Елена Ристеска се обрати до фановите преку социјалните мрежи.
Ви благодарам премногу на сите што присуствувавте на промоцијата на мојот нов албум “Без шминка”.Не очекував дека ќе дојдат толку многу луѓе во ера на социјални мрежи и интернетдружби. Душата ми е на место.
“Без шминка” е метафорички приказ на емотивно разголување,чисти мисли,едноставни фрази, но полни со емоција и сурова вистина со која секојдневно живееме,поистоветување со секоја фраза кај секого, автобиографски сегменти.. Музички демант на сите натписи и одговор на сите провокации.. Без шминка или без маска само пред самите себе си, но и без облека, без униформиран однос, без глума…
Албумот го посветувам на мојата најголема љубов Делфина, но и на моите родители и сестра ми.. Безусловно и бескрајно ги сакам! Ветувам за следниот албум нема да чекаме 9 години… П.С. Им благодарам на сите кои ми помогнаа да го реализирам албумот за толку кратко време..
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа