Предвидувањето на Нострадамус за 2016 година: Голема војна и „умирање на богатите“
Некои веруваат дека предвидувањата на францускиот аптекар Мишел де Норт Дам, попознат како Нострадамус, се актуелни и денес. Иако некои се збунувачки, бидејќи пророкот предвидувањата ги пишувал во метафора и без наведување на точни години, многумина се надеваат дека дел од нив ќе се остварат во 2016 година или во блиска иднина. Еве некои од неговите предвидувања:
-Нострадамус предвидел глобална војна која ќе трае 27 години, која вклучува и употреба на нуклеарно оружје.
-Пророкот предвиде голема ерупција на Везув, која ќе биде една од најразорните во историјата. Катастрофата би била предизвикана од земјотрес и би однела илјадници животи.
-Порастот на температурите е меѓу предвидувањата на Нострадамус - „Кралевите ја крадат шумата, небото ќе се отвори, полињата ќе бидат запалени од жештината“, рекол пророкот во 16 век.
-Медицината ќе напреднува и животот ќе се продолжи за многу години.
-„Богатите ќе умираат неколку пати“, предвидел пророкот. Неговите следбеници веруваат дека тоа значи глобална економска криза.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа