ВИДЕО: Зошто носот ни тече на ладно?

 

За непријатната ситуација во која постојано во зима ни тече носот виновникот може да го бараме во биологијата и физиката.

Биологијата е виновна за континуирано создавање слуз која има улога подобро да го згрее студениот бран што доаѓа, а физиката е виновна бидејќи водената пареа ја претвора во течност.

Слузта во носот се состои главно од вода, бели крвни зрнца, сол и глукопротеин. Кога доаѓаат студените денови, мембраните внатре во носот задолжени за креирање на солзи создаваат течност која има улога на грејач на зракот и препреки за честиците од прашина.

Од друга страна, за време на издишување, на ред доаѓа ситуација во која водената пареа која ја издишуваме, а која доаѓа од топлото тело во студената надворешна средина се претвора во капки по пат на кондензација.

Комбинацијата на водени капки на врвот од носот и слузта резултира со непријатно течење нос кое се обидуваме да го сокриеме со марамчиња и лекови против симптоми на настинка.

 
 
27.12.2015 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега