Поканете ги пријателите на греено вино

 

Кога станува збор за греено вино, мора да признаеме дека многу поважна е атмосферата од самиот рецепт. Поради тоа, ако сте во можност прво запалете оган во шпоретот или каминот.

Потребно е: 500 мл црно вино, 200 мл вода, 3 лажици шеќер, половина лажичка цимет и половина лажичка каранфилче, добро расположение и многу пријатели.

Во тенџере ставете 200 мл вода, додадете 3 лажици шеќер, половина лажичка цимет и половина лажичка каранфилче и оставете да проврие.

Кога ќе зоврие додадете 500 мл суво црно вино (или какво што имате) и штом ќе се згрее тргнете го од огнот.

Поканете ги пријателите и почестете ги со греено вино.

 
 
25.12.2015 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега