Почина амбасадорот Ѓорѓи Аврамчев
По кратко боледување, синоќа почина амбасадорот Ѓорѓи Аврамчев, претседател на Дипломатскиот совет на ЛДП, борец за човекови права и нејзин истакнат член, соопшти денеска ЛДП.
Амбасадорот Ѓорѓи Аврамчев дипломирал на „Deere“ колеџот во Атина, Грција, 1972-1975, а магистрирал во периодот од 1976-1978 на Northeastern University, Бостон, Масачусетс, САД. Беше докторант на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во минатото извршувал значајни функции како амбасадор и постојан претставник на Република Македонија во Канцеларијата на Обединетите Нации (ОН) и Светската Трговска Организација (СТО) во Женева, Швајцарија, бил советник во општина Кисела Вода од редовите на ЛДП, советник на министерот за економија и на директорски позиции на повеќе приватни компании. Последна функција која ја извршуваше беше главен извршен директор на кошаркарскиот клуб „Работнички“ од Скопје од 2013-та до 2015-та година.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре во 12 часот во капелата на Градските гробишта „Бутел“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа