Путин и Обама телефонски разговараа за Сноуден
Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама телефонски разговарале за Едвард Сноуден, јави ИТАР-ТАСС.
- На иницијатива на американската страна се одржа телефонски разговор меѓу претседателите на Руската Федерација и на САД, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
Лидери размениле мислења за билатералните односи, но и за прашања поврзани со безбедноста и за Сноуден кој веќе три недели се наоѓа на транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево, но не изнесе повеќе детали од разговорот.