Едни кршат чинии, други облекуваат црвена долна облека - како се слави Нова Година низ светот?

Новата година ја дочекуваме на 1 јануари, а старата ја испраќаме на 31 декември, и таа ноќ се смета за најлудата ноќ во годината. Ваквата прослава е според грегоријанскиот календар, а огномети , музика и други форми на правење бука се заеднички елемент на прославувањето на Новогодишната вечер. Сепак, иако е тоа карактеристично за нас, постојат земји и со друга традиција за дочекот на Новата Година.

Во Аргентина , традиционално целото семејство се собира околу 11 часот и зема учество во традицинална вечера , вклучувајќи грав , благи специјалитети итн. Токму пред полноќ луѓето се собираат на улица да уживаат во огномет и други видови на прослава.Првиот ден од новата година се прославува точни после полноќ со шампањ, со желби за среќна нова година и понекогаш со наздравување со соседите. Забавите понекогаш траат до зори . Пливањето е понекогаш чудна активност во која аргентинците уживаат , пливајќи во реки , езера или јавни базени.

Секој поголем град околу Австралија одржува прослави за Нова година , најчесто пропратени со огномети меѓу другите настани. Глоучестер Парк е тркачка патека во централен Перт и во него се одржува најпознатиот огномет во Западниот Австралискиот град. Во Брисбејн , годишно се собираат 50.000 луѓе околу реката Брисбејн во градот и набљудуваат огномет додека други настани се одржуваат во градот и во Саутбенк. Двете најголеми прославувања се одржани во двата најголеми градови во Австралија , Сиднеј и Мелбурн. Прославата во Сиднеј е најчесто тематска проследена со светлосни шоуа и голем симбол во средината на мостот Сиднеј Харбор , преку 1,5 милион луѓе се собираат во Порт Џексон . Огнометот трае од 12 до 25 минути и е проследен од музички шоуа поставени на повеќе сцени низ целата плажа. Како една од првите прославувања на Новата година ( благодарение на временските зони ) Австралискиот огномет најчесто е пренесуван преку телевизиски канали во теков на денот на 31 декември .

Во Белгија Новогодишната вечер се нарекува Sint Sylvester Vooranvond или Вечерта на Св. Силвестер. Се одржуваат семејни забави наречени réveillon . На полноќ сите се бакнуваат и разменуваат честитки за среќа и наздравуваат во чест на отсутни роднини и пријатели . Градовите , кафулињата и рестораните се пренатрупани . 1 Јануари се нарекува Nieuwjaarsdag и децата подаруваат празнични честитки со златни ангелчиња , обоени рози и венци од цвекиња на родителите , кумовите и сето тоа на декоративна хартија за која штеделе за да ја купат. Белгијските фармери исто така им посакуваат Среќна нова година на своите животни.

Плажата Копакабана во Рио де Женеиро е домаќин на милиони кои сакаат да ја прославата Новата година тука. Ano Novo ( Нова година на португалски ) исто така позната како Reveillon на Бразлиско - Португалски јазик е еден од главните празници во Бразил и е официјален почеток на летните празници кои вообичаено завршуваат со Карнивал. Бразилците обично уживаат во обилни оброци во друштво на своето семејство или пријателите во домашна атмосфера или во некој од приватните клубови или ресторани. Тие најчесто се облекуваат во бело за да имаат среќа во новата година . Огномети и јадење грозје се некои од традициите кои се асоцирани со празнувањето на Новата година. 

Многу данци одат на забави или се пречекуваат гости дома . Вечерата е обично поексклузивна од обично , вклучувајќи десерти како Марципан торта заедно со шампањ , додека главниот оброк е составен од варен бакалар , чорба од кељ и зачинето свинско . Новата година е прославена со забавување.  Необично во Данска е тоа што за добар знак се смета доколку се пронајде куп искршени чинии пред врата за време на Нова година. Старите чинии се чуваат за да бидат фрлени пред вратите на пријателите за време на Новогодишната вечер. Многу искршени чинии пред врата докажува дека имаш голем број пријатели 

Часовниците го одбележуваат преминот кој се случува на полноќ на Новогодишната вечер , со тоа што прославата на Лондон се фокусира на часовникот лоциран во кулата во палатата на Вестминстер или општо позната како Биг Бен . Прославувањето е емитирано од страна на ББЦ во Англија и Велс . За време на Новогодишната вечер 2010 се проценува дека 250.000 луѓе се собрале да проследат огномет околу Лодонското Око кое за таа прилика за прв пат било наместено да работи на музички траки од најголемите Англиски бендови како Блур, Битлси , Квин. Прославувањето во Лондон продолжува на 1 Јануари со Новогодишната парада која се одржува годишно се од 1987 а во 2011 ке одбележи 25 години од своето одржување , вклучувајќи повеќе од 10,000 музичари , навивачки и други изведувачи. Други поголеми прославувања се одржуваат во градовите Манчестер , Бирмингем , Ливерпул , Лидс и Нјукасл. Бидерфорд кој се наоѓа во северен Девон е исто така познат по своето прославување на Новата година со одржување на карневал со свечени фустани сместен на и околу Стариот мост со тоа што само еден свирач свири проследено со огномет на полноќ.

Тајмс сквер е централната прослава во Њу Јорк. Новогодишната вечер е настан кој е прославен со формални забави и семејно ориентирани активности. Новогодишниот ден е јавен празник во САД. Во текот на последните 100 години спуштањето на “ Топката “ на Тајмс Сквер во Њу Јорк е пренесувано низ цела Америка па дури и пошироко и е голем дел од прославувањето на Новата година . Кристалната Топка тешка 5, 368 кг. и со дијаметар од 3,7 метри се спушта полека со почеток во 11и 59 мин за да го допре дното на својата кула 60 сек подоцна точно на полноќ . Од 1981 па се до 1988 градот спуштал големо јаболко во знак на неговиот прекар “ Големото Јаболко “

Шпанската нова година Откако часовникот ке означи полноќ , луѓето си честитаат и наздравуваат со шампањ или со пенливо вино . Шпанската традиција говори дека носењето на нов црвен долен веш на Новогодишната вечер носи добра среќа . Вистинското одбројување првично се следи од часовникот на врвот на зградата Casa de Correos на плоштадот Puerta del Sol во Мадрид . Традиција е да се јадат 12 грозја по едно на секое отчукување на часовникот . По завршувањето на семејната вечера и јадењето на грозјата , многу млади луѓе присуствуваат на новогодишни забави во пабови , дискотеки и други слични места.најчесто се прославува со семејна вечера , најчесто се јаде ракчиња или јагнешко . 

Мексиканците ја прославуваат Новогодишната вечер или уште позната како Año Nuevo со тоа што конзумираат по едно грозје на секое од 12-те отчукувања на ѕвоното за време на одбројувањето и посакувајќи по една желба за секои од 12-те грозја. Мексиканските семејства ги украсуваат домовите и забавите за време на новата година , користејќи бои како црвена за да се нагласи важноста на подобрувањето на животниот стил и пред се љубовта, жолта за да се добие подобрено вработување и подобар животен стил , зелена за да се подобрат финансиските услови и бела боја за да се подобри здравјето . Мексикански сладок леб се пече и во него се става паричка или некоја амајлија . Кога ќе се послужи лебот , тој кај кого ќе се падне паричката или амајлијата се верува дека ќе го следи добра среќа и благослов во новата година. Друга традиција е правење на листа на сите лоши или несреќни работи кои се случиле во текот на годината и пред полноќ таа листа се фрла во оган , симболизирајќи го отстранувањето на негативната енергија од новата година. 

Најголемата прослава и централна манифестација за Новогодишната вечер во Сингапур се оддржува на Мариновиот брег, на која обично присувствуваат околу 250.000 луѓе. Други места на кои што има прослави за дочек на Новата година, а се во близина на Мариновиот брег, се хотелите: Фултон, Марина Мадарин, Риц-Карлтон Милениум, Марина Беј Сендс, итн. На кејот 20.000 балони, исполенти со 500.000 желби на Сингапурците приредуваат визуелна уметничка приредба исполнет со брилијатни бои со помош на светлосни ефекти. Присутните се забавувани од различни улични актови и концерти, кои се оддржуваат на пловечка платформа до брегот. Учествуваат актери и изведувачи како од земјата така и од странство. Целата манифестација се пренесува во живо на телевизија. Последните десет секунди до полноќ,се одбројувани од изведувачите заедно со публиката. На тоа следни спектакуларен огномет, кој ќе го осветли целиот брег.

Во Холандија најлудата ноќ во годината е придружена со исмејување на политичката сцена, додека Франзузите ја нарекуваат Новогодишната ноќ "la Saint-Sylvestre". Празнувана е со славење кое се нарекува Réveillon de la Saint-Sylvestre Традиционално овој празник вклучува јадење како паштета (foie gras), морска храна (школки) и шампањ.Некои Французи јадат десерт направен од сладолед. Овој празничен период завршува на 6. јануари (The Twelfth Night) за Богојавление или Jour des Rois. На овој ден тие го прославуваат “ Мудриот Човек ” , јадејќи традиционална торта, најчесто со листови од лиснато тесто, полнети со frangipane ( бадемова паста ). Тортата содржи грав и мали кинески знаци, кој и да ги пронајде ке одбере свој партнер и ке биде крал или кралица, кои ке носат златна хартија во форма на круна. Оваа традиција мозе да трае и до 2 недели.

 

 
 
21.12.2015 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега