Женски леш пронајден во Вардар

Тело на женско лице вчера околу пладне било пронајдено во водите на реката Вардар во близина на Скејт паркот во Скопје.

Полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот и по увидот утврдено било дека се работи за 79 годишната Драгиња Д. од Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.

Телото на жената го пронашол скопјанец кај кого Драгиња подолго време живеела како потстанар. 

 
 
21.12.2015 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега