АЛФА: Откриен погонот со фалсификуваните лични карти - приведено лице од структурите на СДСМ

Полицијата го откри погонот за фалсификуваните лични карти. Како што дознава Алфа едно лице дел од структурите на СДСМ е приведено под сомнение дека стои зад аферата со фалсификувани лични карти, која неодамна ја објави неделникот „Фокус“.

 

Според инфоrмациите на Алфа  полицијата во текот на вчерашниот ден во координација на ЈО го расчистила случајот кој што го објави Фокус и медиумски го експлоатираше СДСМ. Нашиот извор посочува дека по наредба полицијата извршила  претрес во 2 објекти во Скопје каде е откриен погон и внатре се откриени фалсификувани лични карти, пластични обрасци, фолии за пластифицирање, машини за производство на фалсификат лични карти и пасоши. Полицијата при претресот  одземала и неколку компјутери на кои според нашите информации имало лични податоци фотографии за изработка на документи како и аудио фајлови како и други податоци важни за натамошната истрага. Според извори на Алфа приведени се неколку лица за кои постои сомнеж дека се вмешани во аферата меѓу осомничените и и лице дел од структурите на СДСМ. Неофицијано дознаваме дека токму тоа лице  било во контакт со новинари блиски до опозицијата кои требале да ги пласираат фабрикациите. Од првичната проверка, осомничениот бил во контакт со лице кое е претходно обвинет во случајот Шпион. Алфа потврда за овој случај побара од  надлежниот ЈО и оттаму ни рекоа дека во текот на денот ќе излезат со детали.

 

 

 
 
19.12.2015 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега