Крвава драма во Гостивар: Го тепале додека не загуби свест

18-годишниот Б.М. од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 18 часоти 30 минути додека заедно со негова другарка се враќале од училиште, бил запрен од страна на четири лица од кои едното го познавал. По кусата вербална расправија, истите физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото по што заминале, а Б.М. продолжил со движењето. По кратко време на блискиот пешачки мост во Гостивар, го пресретнала поголема група, кои веднаш физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и клоци, од кои задобил видливи повреди на главата и загубил свест. Од страна на случајни минувачи му била пружена помош, а веднаш потоа бил пренесен во гостиварската болница за укажување на лекарска помош. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
19.12.2015 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега