Осумнаесетгодишник со украдено возило од Скопје патувал кон Охрид

Поднесе кривична пријава против М.Д.(18) од Скопје осомничен за кривично дело „одземање моторно возило“ за што на претходна постапка судија му одредил мерка притвор во траење од осум дена.

Како што соопшти МВР, М.Д. меѓу 27-ми и 28 ноември 2015 година од двор на ул. „,Македонска преродба“ одзел патнико возило „ауди А4“ караван со скопски регистерски ознаки во кое на контакт-бравата биле оставени клучеви од возилото.

Со аудиото 18-годишникот се упатил кон Охрид и на Стража му пукнала гума на возилото, а зад него се случила сообраќајна незгода. Тој застанал за да им укаже помош на лицата, а тие го обвиниле дека бил причинител за сообраќајката, по што сите заедно заминале во полициската станица Струга.

По извршената проверка, полицијата таму констатирала дека по возилото се трага бидејќи било предмет на извршено кривично дело „кражба“, а М.Д. го објаснил начинот на извршување на кривичното дело.

 
 
19.12.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега