ДВОЈНИ АРШИНИ: Советници на СДСМ гласаа за уништување зелени површини

На аголот меѓу „Теодосиј Гологанов“ и „Рузвелтова“ наместо зеленило, како што е планирано со претходниот детален урбанистички план, со предлогот на советниците од СДСМ се предвидува комерцијален објект од осум ката и станбена зграда од шест ката, објавува „Телеграф“.

Наместо за проширување, советници на СДСМ во општина Центар денеска гласале за уништување зелени површини, брифраат советници од ВМРО-ДПМНЕ кои присуствувале на седница во Општината на која се расправало за усвојување – детални урбанистички планови во Центар.

– Имаше и повеќе забелешки што ги посочивме за ДУП, Буњаковец 1 и за Буњаковец 2, каде што вкупно од 63 хектари има само 1,83 отсто планирано за зеленило, спорт и рекреација, што е многу малку, истакнуваат  извори наТелеграф“и додаваат дека било апелирано до советниците да се обрне повеќе внимание на зелените површини и за нивно зголемување.

Како втора забелешка советниците од ВМРО-ДПМНЕ имале и за тоа што на аголот на „Теодосиј Гологанов“ и на „Рузвелтова“ наместо зеленило, како што е планирано со претходниот детален урбанистички план, се предвидува комерцијален објект од осум ката и станбена зграда од шест ката.

– За чии потреби се направени овие промени? Со оглед на тоа што сите се стремиме за чиста и здрава средина со повеќе зеленило, а сега истото се заменува и предвидува за изградба, прашуваат советници од ВМРО-ДПМНЕ

 
 
17.12.2015 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега