Ќе се зголеми капацитетот на градинката „Росица“ во Ѓорче Петров

Започна проширувањето на детската градинката „Росица“ во населбата Ѓорче Петров. Капацитетот на градинката ќе се зголеми за 50 дечиња. Камен темелникот на доградбата денеска го поставија заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митровски.

Се очекува новиот дел од градинката да биде завршен до крајот на месец април следната година.

-Изминатиов период бевме посветени на значително зголемување на капацитетите на детските градинки, меѓутоа започнуваме со уште позасилено темпо. Во 2016 планираме да почнеме со изградба и опремување на околу 20 градинки во 20 општини со голем фокус на градот Скопје. Во голем број на скопски општини веќе инвестираме со цел да влијаеме на листите за чекање и создавање на поголем капацитет во градинките и поквалитетни услови за дечињата, истакна заменик министерот Спасов.

Посочи дека и понатаму ќе продолжат инвестициите во детски градинки во општина Ѓорче Петров.Градоначалникот Митровски посочи дека и во иднина ќе се градат вакви објекти кои се неопходни за општина, а се изработуваат и проекти за изградба на градинки и во руралниот дел од општината.

-Веќе во завршна фаза се градежните активности на објект за 150 дечиња во населбата Дексион, ова е веќе втор објект кој започнуваме да го градиме во соработка со општината со средства преку министерството за финансии и Светската Банка. Планираме да започнеме и со адаптација на уште еден објект во 2016 година, рече Спасов.

 

 
 
17.12.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега