СДСМ: Денешната пресуда за Љубе Бошковски е доказ дека во Македонија нема правда

 

 

Денешната пресудата против Љубе Бошковски е уште една срамна пресуда на македонските судови. Ова е уште еден доказ дека во Македонија не постои ниту правна држава ниту независно судство, ниту дека така наречените реформи им гарантираат на граѓаните владеење на правото и заштита на нивните права.

 Кога Хашкиот трибунал го ослободи, го пречекаа на аеродром како херој, за сега, на македонскиот политички трибунал да му наложат ваква пресуда.

 Со ова, само се потврдува дека продолжува хајката и одмаздата на власта против политичките неистомисленици и нејзините политички противници.

 Откако Македонија ја направија единствена држава каде има политички затвореници и каде владее автократски режим, мораше дополнително да го казнат, само заради тоа што ја допре најболната точка на ВМРО-ДПМНЕ, вмешаноста на фамилијата во сомнителни бизниси.

 СДСМ го повикува Апелациониот суд во Скопје, при одлучувањето по жалбите, да се води по законските прописи на Република Македонија а не по политичките диктати на центрите на моќ.

Интегрален текст од реакција на СДСМ.

најчитано сега