Хворостовски се воодушеви од убавините на Охрид

 

Светски познатиот баритон, оперската ѕвезда од Русија Дмитри Хворостовски, денеска, спроти вечерниот настап за отворање на фестивалот „Охридско лето“, имаше едночасовна прошетка по Охридското Езеро.

Од бродот „ Свети Наум“ се воодушевуваше на секоја глетка од езерската шир и уживаше во природата.

Најголем впечаток, вели, му остави живописната црква Канео за која рече дека е најуникатното нешто што досега го видел. Во друштво на неговиот десетгодишен син Максим и диригентот Константин Орбелиан, заедно со неговите домаќини од раководството на Охридско лето, маестро Хворостовски на крај од прошетката ручаше во кафеаната Потпеш на самиот брег од Езерото.

најчитано сега