За еден месец 68.000 туристи ја прошетале Македонија

 

Бројот на туристите во мај годинава е зголемен за 11,2 отсто, а бројот на ноќевањата за 6,4 проценти во однос на мај минатата година. Намалување од 3%  има кај бројот на домашните туристи, додека бројот на странските туристи пораснал за 20,1 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај годинава имало 67.588, туристи кои реализирале 152.117 ноќевања. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 1,3 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12,4 отсто.

Зголемување на бројот на туристите од 5,7 отсто се бележи и во периодот јануари-мај 2013 година, во однос на истиот период од претходната година. Кај домашните туристи има намалување за 1 процент, а кај странските зголемување за 10,2 проценти. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 6,1 отсто од кои  кај домашните туристи има зголемување за 1,8, а кај странските за 9,7 отсто.