Русија ги вооружа сириските бунтовници

Началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов денеска изјави дека бунтовниците од Слободната сириска армија добиваат оружје од Русија, а неговиот коментар е даден само неколку дена откако портпаролот на Кремљ го демантираше истото прашање.

Герасимов денеска изјави дека Русија со воздушните напади ја поддржува Слободната сириска армија и „и нуди помош во оружје, муниција и материјал“, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на руските агенции.

Изјавата на Герасимов навестува дека Русија навистина ги снабдува сириските бунтовници со оружје, но руската војска не денеска не беше достапна за дообјаснување на ситуацијата, наведуваат американските медиуми.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека бунтовниците кои му се спротставставуваат на сирискиот претседател Башар ал-Асад, сојузникот на Москва, добиваат оружје од Русија.

Меѓутоа, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, подоцна изјави дека Путин сакал да каже дека војската на Асад добива оружје, а бунтовниците добиваат само воздушна поддршка.

Истовремено, командантот на силите на Слободната сириска армија негираше дека бунтовниците добиваат оружје од Русија.

 
 
14.12.2015 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега