Тој не сакаше да зборува за тоа: Откриена голема тајна за Горан од Големиот Брат

Финалистот на Големиот Брат кој заврши на втората позиција, Горан Тодиќ, работел за сопругата на Берлускони и пред две години добил отказ. Натпреварувачот не сакаше во шоуто да зборува за тоа, а деталите за она што тој го премолчи, го објавија италијанските медиуми.

Горан кој се двоеше од сите станари, од 2007 до 2009 работел во Белведере, недалеку од Милано, како обезбедување на сопругата на Берлускони, а отказ добил откако токму Берлускони и го накмалил личниот буџет. Вероника која глуми во филмови решила да го отпушти Горан, а тој не можел да премине преку тоа. Во јавноста зборувал за неа и нејзината приватност и издавал пикантерии од животот на парот.

Горан бил вработен во куќата на Берлускони по препорака од Alberta Orlandija, координаторот за обезбедување на вилата. Горан него го запознал бавејќи се со падобранство, а во тој период Вероника веќе побарала развод. Горан многу и се допаднал и го вработила. 

- Таа секогаш беше без шминка и во тренерки. Се средуваше само за пред гости и излегувања. Љубезна е, но на моменти и ладна, изјавил Горан по отказот.

Тој открил и дека Берлускони најчесто играла нинтендо и читала книги во слободно време.

Инаку, од тогаш па до денес, Горан е во брак со италијанската фризерка Elizabetom Flotom од која се нема разведено, иако има вереница која го пратеше во Големиот Брат, по име Лејла. И самиот Горан призна дека се уште е во брак.

 
 
14.12.2015 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега