Меркел: Мигрантската криза е „историски тест“ за Европа

 

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави денеска дека актуелната мигрантска криза е „историски тест“ за ЕУ и за Европа.

- Оваа 2015 е неверојатна година, рече Меркел во своето обраќање пред делегатите на годишната конференција на нејзнната Христијанско демократска унија (ЦДУ), што се одржува во Карлсруе.

Меркел потврди дека до крајот на годината, Германија очекува дека на нејзината територија ќе има повеќе од еден милион мигранти и бегалци.

Нејзината одлука да се „отворат вратите“ на Германија за сириските бегалци, наиде на критики и во редовите на нејзнината ЦДУ, но нејзиното обраќање во Карлсруе беше повеќепати поздравено од делегатите со аплаузи.

На критиките, таа реагираше со најавите дека напливот на мигранти и бегалци ќе биде многу брзо значително намален.

Меркел која е десет години германски канцелар, според американскиот неделник „Тајм“ е човек на годината за 2015.

Во образложението на одлуката се вели дека таа е донесена затоа што Меркел е единствениот лидер во Европа што се нафати да се разрешат најтешките кризи на континентот и посебно во ЕУ - должничката криза во Грција и бегалската криза - со радикални мерки и со цврстина каква што не покажал ниту еден друг европски лидер

 
 
14.12.2015 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега