Нов инцидент меѓу Турција и Русија

Брод, кој пловел под турско знаме, се обидел да го попречи преместувањето сонди на компанијата „Черноморнефтгаз“ во руски територијални води, соопшти компанијата.

Руска корвета и брод на крајбрежната стража го принудиле трговскиот брод, кој пловел под турско знаме, да го промени курсот, откако им го попречил патот на бродовите на кримската енергетска компанија, кои преместувале сонди.

- Сондите биле повлечени на безбедно место, нагласи „Черноморнефтгаз“.

 
 
14.12.2015 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега