Со нож прободел наставник среде училница

 

Наставник од училиште во предградие на Париз утринава е нападнат со нож, при што напаѓачот извикувал - Исламска држава, јавија француксите медиуми.

Нападот е извршен во училница во училиштето во Обервил, каде наставникот бил сам. Напаѓачот при тоа извикал: „Ова е Даеш (кратенка на групата Исламска држава на арпски јазик). Ова е предупредување“

Наставникот бил прободен колкот и во пределот на вратот, но лекарите изјавиле дека тој е вон животна опасност.

Според локалното обвинителство, напаѓачот, кој во моментов е во бегство, влегол невооружен во училницата, каде пронашол нож за хартија и ножици.

Напаѓачот бил облечен како молер и носел ракавици, капа и војнички чизми.

Во тек е полициска акција за пронаоѓање на напаѓачот. 

Во Франција се уште е во сила предупредувањето за опасност од терористички напади, кое беше прогласено по нападите во Париз на 13 ноември во кои беа убиени 130 лица.

 
 
14.12.2015 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега