Ако Спасов лаже, Гугл не лаже!

Имено , во својата колумна, која веднаш е пренесена од соросовите портали, Спасов вели дека минатата анкета на „Брима Галуп“ и ИРИ била правена во ист термин како и оваа последната на „Брима Галуп“, односно се прашува како и минатата и оваа се правени во ист период од 29 октомври до 5 ноември?

Но, очигледно професорот кој и самиот има агенција за мерење рејтинзи, или е “гроги“, или сака повторно, како во минатото, да им ја престави на своите СДСМ, оваа за нив црна вистина како розова. Но, ајде на страна што го потценуваат македонскиот народ, туку сега го потценуваат и Гугл.

Спасов требало само да прогугла низ интернетот, и на пример на нивниот портал НОВА ќе најде дека последната анкета на ИРИ и Брима Галуп е  “спроведена од 29 септември до 5 октомври годинава од страна на „Брима“, агенција за истражување со седиште во Скопје, во соработка со Центарот за анкетни истражувања на ИРИ, лице в лице”. Епа професоре, се чини време е за пензија?!

Инаку, Спасов во јавноста е познат по енговите тотално промашени анкети. Да потсетиме, „Рејтинг“ на Спасов на последните претседателски избори прогнозираше победа на опозицискиот кандидат Стево Пендаровски, но тој сепак загуби убедливо од Ѓорге Иванов.

Потоа следеше скандалот од кој се виде дека „Рејтинг“ во јавноста пушта набилдани анкети и погрешни бројки во корист на СДСМ и дека ќе ги загуби изборите со огромна разлика лидерот на СДСМ Зоран Заев знаел и пред истите да се реализираат.

Анкетата којa за внатрепартиски потреби непосредно пред изборите ја изготвила агенцијата „Рејтинг“ на Спасов покажува дека актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов убедливо води пред Стево Пендаровски.

Но тука не завршуваат промашените анкети на Спасов. Непосредно пред референдумот за ГТЦ, „Рејтинг“ излезе со анкета според која дури 83% од граѓаните на Центар ќе гласале за тоа ГТЦ да го задржи автентичниот излед. Но, одржаниот референдум покажа дека анкетата на Спасов е целосно промашена. Огромното мнозинство на граѓани не ја поддржа иницијативата на Жерновски и СДСМ, дури 60% од граѓаните се одлучија воопшто да не излезат и гласаат.

 

 
 
13.12.2015 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега