Проценете колку е интелигентно вашето дете само со едно зрно суво грозје

Истражувачите на Универзитетот во Ворвик тврдат дека можат да предвидат колку осумгодишните деца ќе бидат успешни во училиштето само со помош на едно зрно суво грозје.

Методот на истражувачите на Универзитетот би можел да биде наједноставниот тест за детските способности, кој некогаш бил смислен.

Имено тие тестирале стотици деца ставајќи зрно суво грозје под шолја и им кажувале да почекаат пред да добијат дозвола да го изедат.

И покрај тоа што наредбата изгледа мошне едноставна за деца на мала возраст може да биде мошне „исцрпувачка“ и повеќето од нив нема да можат да ја испочитуваат.

Резултатите меѓутоа покажаа дека децата, кои биле најстрпливи на осум години биле значително поинтелегентни (седум бодови на скалата) од своите нетрпеливи врсници.

– Играта со зрно суво грозје е едноставен начин за проценка на инхибиторната контрола кај малите деца…и може во клиничката пракса да се користи за утврдување на степенот на ризик за јавување на пореметување на вниманието и на учењето, изјави истражувачот Дитер Волке.

Научниците особено биле заинтересирани за тоа како на тестот ќе се покажат предвремено родените деца. Резултатите за нив не бил баш најдобри.

– Колку била помала гестациската старост на детето, толку била помала инхибиторната контрола и поголеми биле шансите кај детето да се појави пореметување на вниманието и помали академски достигнувања, се наведува во студијата.

 
 
11.12.2015 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега