ФОТО: Македонскиот пејач скокна во тавче

Популарниот пејач Влатко Лозаноски и неговата девојка, поранешната манекенка Савка Грачанин, најпосле решија да ја официјализираат врската, но овој пат потврдија со доказ.

Изминатата недела, Савка објави фотографија со свршенички прстен по што многумина се запрашаа дали пејачот конечно ја запросил или таа му праќа сигнали да се сети што треба да прави.

Сепак, Савка ги негираше овие нагодувања истакнувајќи дека го покрила лицето со раката на која се гледа прстенот, бидејќи и пречел блицот.

Не помина многу, а пејачот конечно реши да се врзе и да им покаже на сите дека Савка е вистинската.

Убавиот момент го сподели на Инстаграм, а за фотографијата на која најпосле и го дава свршеничкиот прстен напиша коментар „Како неа нема друга“.

 

 

 

ИЗВОР: ВИСТИНА

 
 
11.12.2015 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега