Анонимуси ве повикуваат: Денеска тролајте ги џихадистите

Хакерската група „Анонимуси“ го прогласија денешниот ден, 11 декември 2015 година, за ден на „тролање на Исламската држава“. Во оваа акција луѓето се поттикнуваат на најдуховити начини да ги исмеваат терористите на интернет.

„Анонимуси“ објавија видео снимка во која ја најавија својата кампања за борба против терористичките групи и воедно ги повикаа сите да им се приклучат на Твитер, Фејсбук, Инстаграм и Јутуб. Акцијата се одржува под хаштаговите  #Daesh и #Daeshbags (Daesh е арапскиот назив за Исламската држава).

„Ве повикуваме да ја поддржите борбата против ИД така што ќе ни се придружите и помогнете да ги троламе. Не мора да бидете член на Анонимуси за да учествувате во акцијата, секој има право“, стои во соопштението.

 
 
11.12.2015 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа